Неколку градови низ државата рано утрово останаа без електрична енергија.
Жители на Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, рано утрово пријавуваа прекин на струјата преку социјалните мрежи.
Струјата на некои места, како во Скопје се вратила околу седум часот, но има региони каде се уште не е нормализирана состојбата.
АД МЕПСО компанијата задолжена за пренос на електрична енергија потврдува дека се случил пад на енергетската мрежа.
„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопштуваат од АД МЕПСО.