Поради пад на мрежата, половина Македонија утрово остана без струја

Струјата на некои места, како во Скопје се вратила околу седум часот, но има региони каде се уште не е нормализирана состојбата

Неколку градови низ државата рано утрово останаа без електрична енергија.

Жители на Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, рано утрово пријавуваа прекин на струјата преку социјалните мрежи.

Струјата на некои места, како во Скопје се вратила околу седум часот, но има региони каде се уште не е нормализирана состојбата.

АД МЕПСО компанијата задолжена за пренос на електрична енергија потврдува дека се случил пад на енергетската мрежа.

„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопштуваат од АД МЕПСО.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни