Поради магла намалена видливост на Стража, Ѓавато и Крушево

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово

Автомото сојузот на Македонија информира дека поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви лаки кој во мометов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“ информираат од АМСМ

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни