Поради Ѓоковиќ и познатиот крокодил доби завој на коленото

Фото: @graforiks

Компанијата „Лакост“, која е технички спонзор на тенисерот Новак Ѓоковиќ, на духовит начин изрази поддршка за српскиот тенисер, кој поради повреда ќе ги пропушти Ролан Гарос.

По повредата на менискусот, Ѓоковиќ е опериран во Париз, а „Лакост“ за да го насмее и да му даде поддршка го споделија нивото лого, познатиот крокодил, со врзано колено, карикатура на Мирсолав Вујовиќ Графа.

Ваквата фотографија стана вирална, а на социјалните мрежи ја сподели и Тјери Гибер, извршниот директор на компанијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни