Поради екстремно ниските температури што достигнаа и до минус 12 степени Целзиусови, замрзна водопадот во селото Полипотамос кај Лерин, а грчката државна телевизија ЕРТ објави фотографии, коментирајќи дека „поларните температури создадоа скулптури од мраз со уникатна убавина“.
Температурите под нула не се невообичаени за конкретниот дел од Грција, а водопадот се наоѓа на надморска височина од 950 метри.
Новинарката од ЕРТ од Лерин истакна дека смрзнатиот водопад е и туристичка атракција за многумина, кои доаѓаат на местото да уживаат во прекрасниот природен пејзаж и да се фотографираат.
Дел од водата од водопадот продолжува да тече над скулптурите формирани од мразот.