Поради блокадата на владата во САД – доцнат летови, милиони патници погодени од откажувања

Поради блокадата на владата во САД веќе 34 дена, доцнат илјадници летови и милиони патници се погодени од откажувања. Контролори и TSA службеници работат без плата, а FAA предупредува на можен колапс на воздушниот сообраќај.

Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, додека бројот на отсуства меѓу контролорите на летање расте, а федералната влада е во блокада веќе 34 дена, соопштија во понеделникот авионските власти и авиокомпаниите.

Федералната управа за воздухопловство (FAA) соопшти дека поради недостиг на контролори се воведени доцнења на летовите во Далас и Остин, а слични мерки би можеле да бидат воведени и на аеродромите во Хјустон и Вашингтон.
Само во понеделник биле регистрирани речиси 2.900 одложени летови.

Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници на Управата за безбедност во сообраќајот (TSA) се принудени да работат без плата, откако републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот не успеале да постигнат договор за буџетот, што предизвикало блокада на работата на владата.

Поради недостиг на персонал во TSA, последниве денови биле забележани вишечасовни редици и доцнења при безбедносните проверки, особено на аеродромите во Хјустон и Сан Диего.

Кризата со финансирањето го парализира воздухопловниот сообраќај

„Ако процениме дека безбедноста на патниците не е загарантирана, ќе го затвориме целиот воздушен простор. Засега станува збор само за значителни доцнења“, изјави министерот за транспорт Шон Дафи.

Здружението Airlines for America, кое ги обединува најголемите американски авиопревозници, предупреди дека од почетокот на застојот на 1 октомври, поради недостиг на персонал, повеќе од 3,2 милиони патници биле погодени од одложувања и откажувања на летови.
Организацијата го повика Конгресот итно да ја прекине блокадата на буџетот.

FAA претходно предупреди дека ѝ недостигаат околу 3.500 контролори на летање и дека продолжувањето на блокадата може да предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај за време на претстојната празнична сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни