Поради блискоста до Трамп, Мел Гибсон повторно може да поседува оружје

Американското Министерство за правда ќе му дозволи на актерот Мел Гибсон повторно да поседува пиштол, и покрај пресудата за семејно насилство во 2011 година, објави Њујорк Тајмс во четвртокот. Адвокатката во министерството кој се спротивставила на тоа – доби отказ.

Тајмс, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со одлуката на Министерството за правда, пишува дека Гибсон, силен поддржувач на претседателот Доналд Трамп, е меѓу деветте лица на кои им се обновени дозволите за поседување на оружје.

Федералниот закон им забранува на повеќето луѓе осудени за семејно насилство да поседуваат огнено оружје.

Пред 14 години, судија во Калифорнија го осуди Гибсон на три години условна казна поради удирање на неговата тогашна девојка.

Тајмс пишува дека прашањето за правото на Гибсон да носи оружје предизвикало конфликт во Министерството за правда, бидејќи Елизабет Ојер, адвокатка за помилување на одделот, минатиот месец одбила да одобри враќање на тие права на актерот. Еден ден подоцна – добила отказ.

Ојер во интервју за Тајмс рече дека висок функционер на министерството и рекол дека на Гибсон треба да му се врати правото за оружје поради неговиот личен однос со претседателот.

Таа изјави дека нејзиното одбивање не било политички мотивирано, туку се засновало на фактот дека не извршила темелна проверка на позадината на случајот на Гибсон и дека пресудата за семејно насилство ја сметала за многу вознемирувачка.

Неколку дена пред неговата инаугурација во јануари, Трамп го именуваше Гибсон, заедно со актерите Силвестер Сталоне и Џон Војт, за „специјални амбасадори“ во Холивуд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни