Водителката и панелист на шоуто „Добро утро Британија“, Нариндер Каур, коментирајќи го појавувањето на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон во јавноста по опоравувањето од канцер, на платформата Х изјави дека Мидлтон многу остарела. По овој коментар многумина ја нападнаа.
Во својата објава таа сподели статија за Кејт која неодамна присуствуваше на Фестивалот на сеќавањето во Лондон со принцот Вилијам.
“Едно прашање – зошто Кејт остаре толку многу? Да не има 42 години? Дали е пушач? Тоа е единственото објаснување”, напиша водителката и наиде на критики.
„Жената се бореше со ракот, не ми се верува дека го пишуваш ова“, „Таа е многу лута жена и непотребно груба. Кејт изгледаше тажно затоа што беше на комеморацијата. Таа, исто така, веќе една година се лекува од канцер и загрижена е дека нејзините деца би можеле да ја изгубат својата мајка“. Стареењето и стресот се две различни работи, и напишаа лутите корисници на социјалните мрежи.
Подоцна Нариндер се извини за нејзината објава и рече дека е „глупава“. „Станува прилично смешно. Објавив глупав твит. Не сакав да бидам злобна или нешто слично. Не сум таква. Глупаво беше да се пишува за стареење, признавам. Се извинувам ако навредив некого. “, напиша Каур. Таа додаде дека Мидлтон е „привилегирана“ затоа што не мора да работи додека се лекува.