На Попова Шапка утрово во 7 часот се измерени –8 степени Целзиусови и 97 сантиметри снег, со што оваа локација е најстудена во државата.
Според утринските мерења, во Крушево и Маврови Анови се измерени –4 степени, во Берово и Претор –1, а во Крива Паланка, Охрид, Битола и Прилеп 0 степени. Во Штип и Виница се измерени 2 степени, во Тетово, Куманово и Струмица 3, во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија 4, во Скопје-Петровец и Велес 5, а во Гевгелија 6 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Струмица – 13 литри на метар квадратен, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и Крушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Охрид, и 1 литар на метар квадратен во Кавадарци и Маврови Анови.
Снег од 3 сантиметри има во Маврови Анови, 2 сантиметри во Берово и 1 сантиметар во Ѓуриште.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално со брзина над 60 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Максималната температура ќе се движи од 3 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.