Поплави во Италија, метар снег во Швајцарија

Поради поплавените железнички пруги, има големи доцнења во железничкиот сообраќај меѓу Италија и Швајцарија, соопшти италијанската железничка компанија. Неколку возови се заглавени на тие релации.

Бројни реки на северот од Италија излегоа од своите корита поради обилни врнежи од дожд во северните региони. Властите затворија одредени подрачја за сообраќај во близина на реките. Северозападниот регион Пиемонт со главниот град Торино е тешко погоден, а официјалните лица ги повикуваат локалните жители да останат во своите домови.

Поради поплавените железнички пруги, има големи доцнења во железничкиот сообраќај меѓу Италија и Швајцарија, соопшти италијанската железничка компанија. Неколку возови се заглавени на тие релации.

Поради обилниот снег и дожд затворени се патиштата, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Швајцарија. Дождот создава проблеми и на северот од Италија. Цермат, популарно алпско скијалиште на југот од земјата, на границата со Италија, е отсечено од светот. Телевизиската куќа SRF јавува дека во регионот паднале 55 сантиметри свеж снег, а метар снег е измерен на превојот Голем Свети Бернард.

Локалните власти во Сион, главниот град на кантонот Вале, ги затворија сите патишта за автомобили и пешаци и ги повикаа луѓето да останат дома. Школите се затворени, а многу градови и места се отсечени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни