Поплави на Бали: најмалку девет загинати, илјадници погодени

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела однесоа најмалку девет животи, блокираа големи сообраќајници во главниот град и го нарушија секојдневниот живот во оваа популарна туристичка дестинација, соопштија официјални лица.

Обилните врнежи од дожд, кои паднаа од вторник вечерта до среда, предизвикаа големи поплави и одзедоа пет животи во главниот град Денпасар, рече Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.

Уште четири лица загинаа во региони Јембрана, Гианјар и Бадунг, додаде Мухари, а две лица се уште се водат како исчезнати.

Од 600-те жители погодени од поплавите, речиси 200 беа евакуирани од своите домови во училишта и џамии, бидејќи нивните куќи сè уште се под вода.

Поплавите уништија две згради во Денпасар, а пристапот до меѓународниот аеродром во близина е ограничен, бидејќи по патиштата можат да сообраќаат само камиони, изјави И. Нјоман Сидакарја, директор на локалната агенција за пребарување и спасување.

Претседателот на Индонезија, Прабо Субианто, изрази сочувство и му нареди на шефот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итните интервенции и да им ги обезбеди основните потреби на погодените жители.

Досега, агенцијата им поделила шатори, храна и други основни средства на жителите погодени од поплавите.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни