Обилни врнежи предизвикаа поплави во Бретања, цел регион под аларм

По неколкудневни обилни дождови, францускиот регион Бретања се соочува со сериозни поплави, додека метеоролошките служби предупредуваат на нови надоаѓања на водата.

Целиот француски регион Бретања е ставен под предупредување од поплави, откако неколкудневните обилни врнежи предизвикаа излевање на реките и поплавување на големи површини земјиште.

Воздушни снимки објавени од АФП покажуваат полиња и населени подрачја под вода во близина на градот Малестроа, во департманот Морбијан, еден од четирите департмани во Бретања кои се под засилен мониторинг од француската метеоролошка служба.

Во градот Кемпер, жителите на цела населба останаа заробени во своите домови поради високото ниво на водата, додека за сливот на реките во департманот Финистер и натаму е на сила портокалов аларм за поплави.

Надлежните служби во вторникот најавија нов поплавен бран, а дополнително зголемување на водостојот се очекува и во текот на среда, 28 јануари. Локалните власти ги повикаа граѓаните во погодените области да бидат особено внимателни и строго да ги почитуваат безбедносните препораки, со оглед на тоа што временските услови и натаму се нестабилни.

Службите за итна помош се во состојба на готовност, а ситуацијата се следи континуирано, бидејќи постои ризик од дополнително ширење на поплавените подрачја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни