Страшни сцени од поројни поплави во Њујорк: Водата навлезе во метрото, автомобили заробени на Менхетен

Силни врнежи предизвикаа поројни поплави во Њујорк — метрото е поплавено, улиците непроодни, а летовите масовно доцнат или се откажани. Прогласена е вонредна состојба во Њу Џерси.
epaselect epa10890882 People walk across the Brooklyn Bridge in the heavy rain in New York, New York, USA, 29 September 2023. New York Governor Kathy Hochul declared a State of Emergency as flash flooding affects the New York City area due to heavy rain. EPA/SARAH YENESEL

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави за сите пет окрузи на Њујорк. Истовремено, гувернерот на Њу Џерси прогласи вонредна состојба откако силни дождови предизвикаа поплави во делови од таа сојузна држава.

Силни врнежи го погодија Њујорк и околните предградија, предизвикувајќи поплави во подземната железница и на главните патишта, што доведе до повеќечасовни доцнења на летовите — дури до три часа.

Неколку сојузни држави на североистокот на САД, вклучувајќи ги Пенсилванија и Конектикат, се изложени на ризик од изненадни поплави поради силните бури кои го зафатија регионот.

Издадено предупредување за повеќе држави

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за поплави не само за округите на Њујорк, туку и за градовите Филаделфија и Левитаун во Пенсилванија, Камден и Берген во Њу Џерси, како и Чапел Хил и Карборундум во Северна Каролина.

Според службата, се очекуваат бури со силни врнежи и ветрови главно во државите и градовите од подрачјето на средниот Атлантик. Се нагласува дека обилните дождови ќе предизвикаат „бројни изненадни поплави, особено во урбаните средини.“

Откажани летови

Во Њу Џерси, врнежите веќе предизвикале поплави, штета и затворање на патишта, особено во централниот дел од државата, според локалните медиуми. Гувернерот Фил Марфи на социјалната мрежа X ги повика граѓаните да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања.

Аеродромот Њуарк привремено ги прекина сите пристигнувања и поаѓања на летовите до 21:00 по локално време (01:00 GMT) поради бурите.

Во Њујорк, Одделот за транспорт соопшти дека неколку области во долината Хадсон (вклучително Колумбија, Алстер и Дачес) се во ризик од поплави поради дождови од 12 до 18 сантиметри.

Гувернерката Кети Хочул на X предупреди дека состојбата на патиштата е „сериозна“ во округите Вестчестер и Рокленд, каде се извршени неколку спасувања, но не даде детали за можни жртви.

И аеродромот Ла Гвардија (Квинс) во Њујорк ги откажа сите летови до 21:15 по локално време (01:15 GMT), додека аеродромот Џон Ф. Кенеди има просечно доцнење од три часа.

По поплавите во Тексас

Пат во округот Вајт Плејнс на северот од државата е поплавен, како што е документирано на видеа објавени на социјалните мрежи. Аеродромот во Филаделфија (Пенсилванија) исто така ги суспендираше летовите поради бурата, додека неколку патишта во градот се под вода, според фотографии на локални медиуми.

Оваа бура доаѓа само една недела по изненадните поплави во Тексас, кои однесоа најмалку 120 животи, а речиси 170 лица се водат како исчезнати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни