Попладнево промена на времето: Дожд во низините, снег на планините и ветер до 60 км/ч

Денес попладне и вечер во Македонија се очекува зголемена облачност со локален дожд, снег над 1100 метри и засилен северен ветер, особено во Повардарието и источните предели.

Денес во попладневните и вечерните часови во Македонија следува краткотрајна промена на времето.

Според прогнозата, ќе има зголемување на облачноста, а особено во северните предели се очекуваат локални врнежи од дожд во пониските места и градовите. На планините над 1100–1200 метри надморска височина врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Во Скопје и Скопскиот регион се очекува повремен локален дожд, додека на околните планини ќе има услови за повремен снег.

Засилен северен ветер

Промената на времето ќе биде проследена со повремено засилен ветер од северен правец.

Најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели, каде локално и повремено брзината може да достигне до околу 60 километри на час.

Температури и натаму високи за периодот

И покрај облачноста и врнежите, максималната дневна температура ќе остане натпросечно висока за овој период од годината. Во земјава ќе се движи од 11 до 18 степени. Во Скопје и околината се очекува температура до околу 14 степени.

Станува збор за краткотрајна промена, по што времето повторно ќе се стабилизира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни