Попладнево нов протест во Аеродром против загадувањето

Граѓани на Аеродром вечерва повторно ја блокираа крстосницата револтирани од загадениот воздух што го дишат во последните недели

Жители на Аеродром денеска повторно излегоа на улица протестирајќи против енормното загадување во нивната општина.

“Загадувањето е само визуелно, умирањето реално”, “Премиерот дише ист воздух или има друг?”, “Ако те мрзи да одиш на протест, нема да те мрзи да одиш на доктор”, “Аеродром зелено гето”, “Сакам да дишам” и слично, беа дел од пораките што граѓаните ги упатија во знак на револт од нездравиот воздух што го дишат во последните две недели.

Денес повеќето граѓани кои излегоа на протестот беа со заштитни маски на лицето, бидејќи се уште постои опасност по здравјето поради токсичниот чад од вчерашниот пожар, а властите велст дека допрва треба да се испитува што се има во воздухот, водата и почвата.

Од Иницијативата „Стоп за Варадариште“ за утре наутро од 7.30 часот најавија блокада на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни