Poor Things – феминистички филм, колку чуден, толку и возвишен

Кога за првпат ја запознаваме Бела Бакстер, ликот што Ема Стоун го оживува во филмот на Јоргос Лантимос, „Poor Things “, таа е Европејка од 19 век со мозок на новороденче. Претставува предмет на чуден експеримент на нејзиниот старател, д-р Годвин Бакстер (Вилем Дефо), со помош од неговиот соработник, Макс МекКендлес (Рејми Јусеф). Таа ги разбира чувствата, слободна е и созрева со хипер-брзина.

Гледањето на менталната возраст на Бела како го достигнува нејзиниот физзички развој е морничаво со сигурност. Од сите задоволства што ги има во светот, сексот е можеби нејзиното најважно откритие. Таа се појавува како ретка женска протагонистка која едноставно не води сметка за општественото расудување. Кога поранешен љубовник, кој го игра Марк Руфало, се обидува да ја засрами што работи во бордел во Париз, таа возвраќа: „Ние сме наши средства за производство’’.

Задоволството на Бела во патувањето,танцувањето, непочитувањето на наредбите и академското студирање се чувствува како поттик да ги прифатиме сетилните радости што постојат на работ на нашата свест. Бела е крајно слободна – дури и среде секојдневната бруталност и патријархалната грдост што постои и во „Poor Things“.

Тимот на списанието Вог неодамна разговараше со Лантимос и Стоун за нивното долго патување во снимањето на Poor Things, раскажувајќи нова приказна за сексуалноста и ослободувањето на жените.

Emma Stone in POOR THINGS. Photo by Atsushi Nishijima. Courtesy of Searchlight Pictures.© 2023 Searchlight Pictures All Rights Reserved.

Во разговорот, Јоргос Лантимос истакна дека се сретнал со авторот на истоимената книга Алистер Греј за кој вели дека е многу посебна и енергична личост. Тој му ги дал авторските права но за жал починал неколку години пред да се објави филмот..

За нивната соработка и работењето за овој филм, Ема Стоун вели дека почнале да раговораат за време на снимањето на друг филм.

,,Многу е различно кога познавате некого откако сте работеле со него и сте поминале низ промоција и фестивали и сè. Знаевме дека сакаме повторно да работиме заедно, и додека почнавме да правиме повеќе работи заедно, се познававме навистина добро. Си верувавме и се почитувавме, а мислам дека и се инспирираме.’’ – вели Лантимос во интервјуто.

За овој филм, познатата актерка Ема Стоун вели дека го чувствува многу поинаку затоа што долго се разговарало за него. Интересно искуство за неа е што била вклучена во целиот процес, склопувањето на филмот, актерката екипа и работењето.

Во врска со чувствата кои Стоун ги има за улогата во филмот таа вели дека тоа е метафора и бајка истовремено.  ,, Идејата дека можете да започнете одново како жена, како ова тело што е веќе формирано, и да видите сè за прв пат и да се обидете да ја разберете природата на сексуалноста, или моќта, или парите или изборот, способноста да се направи избор и да се живее според сопствените правила, а не според правилата на општеството – мислев дека тоа е навистина фасцинантен свет за навлегување’’.

Улогата на Бела во филмот била една од најинтересните улоги на што Ема Стоум ги имала досега. Во разговорот, таа вели дека никогаш немала можност да работи во градењето на личност која започнува од нула и некој што му се нема случено ништо досега.

Прикажувањето на Бела во филмот и снимањето се одвивале хронолошки а целиот тим имал три недели процес на проби а според Ема Стоун не постои некој на кого му верува како на Јоргос и смета дека со никој друг не би работела на ваков проект.

Режисерот на филмот, Јоргос изјави дека сложеноста на ликот на Бела – Ема Стоун одлично ја совладала и како актерката успеала на извонреден начин да се истакне во оваа улуга.

Emma Stone in POOR THINGS. Photo Courtesy of Searchlight Pictures. © 2023 Searchlight Pictures All Rights Reserved.

Извор: https://www.vogue.fr/article/emma-stone-yorgos-lanthimos-poor-things-interview?utm_source=facebook&utm_medium=social&fbclid=IwAR2Xun4IHPbKWFneRxzHx0g6ic5qWO1-EfGG0ZhH9ZIh-11O439W_fWgt9Ev

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни