„Понижувачки и нечовечки“: Како AI deepfake ги таргетира жените

Во 2019 година, компанијата Deeptrace процени дека 96% од deepfake видеата се порнографски, а мнозинството се направени без дозвола од лицето прикажано на снимката

Технологијата за deepfake користи вештачка интелигенција (AI) за да создаде видео или аудио записи со лица на луѓе без нивна согласност, а за тоа се потребни само неколку фотографии од лицето. Иако некои ја користат за забава преку апликации за замена на лица и филтри на социјалните мрежи, deepfake технологијата често се злоупотребува, особено во создавање на порнографија без согласност на жените.

Во 2019 година, компанијата Deeptrace процени дека 96% од deepfake видеата се порнографски, а мнозинството се направени без дозвола од лицето прикажано на снимката. Оваа појава е особено штетна и травматична, влијаејќи врз личниот и професионален живот, психичкото здравје и меѓучовечките односи на жртвите.

Во последниве години, дури и малолетни девојчиња биле жртви на deepfake порнографија, а нивните фотографии биле споделувани на социјални мрежи во училиштата. Жените се посебно таргетирани, а оваа технологија се користи и за клеветење на активистки и новинарки.

Тешко е да се препознаат deepfake-ови, бидејќи технологијата постојано се усовршува. Многу жртви се соочуваат со дополнителна злоупотреба како уцени и сексуална експлоатација.

Иако некои земји, како Велика Британија, САД (неколку држави), и Тајван, воведоа закони против non-consensual deepfakes, во многу делови од светот правниот систем сè уште се обидува да стигне чекор со развојот на технологијата.

Експертите и активистите бараат глобална и координирана акција од владите, полицијата и заедниците за да се воспостави одговорност и да се спречат злоупотребите кои може да им ја уништат животната иднина на луѓето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни