Поништен тендерот – и зимава со стари автобуси низ Скопје

Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.

– На  јавниот повик кој беше објавен на 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик. Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.

Од 120-те еколошки автобуси што требаше да се набават со повикот, 80 требаше да бидат наменети за Град Скопје, а останатите 40 за општините согласно економската оправданост и нивните реални потреби. 

Како што наведуваат од Министерството за транспорт во следниот период ќе бидат направени дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и потоа ќе ја информира јавноста.   

Јавниот превоз во Скопје последниве две години е под секое достоинствено ниво. Возниот ред е редуцуран, се случија неколку штрајкови на ЈСП и приватните превозници, неколку автобуси се запалија, а „флотата“ на ЈСП никако да се обнови

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни