„Помеѓу волците“ на Тeнги Думорти и Оливие Лари од Франција прогласен за најдобар еколошки филм на ЕХО Фестивалот на Планински Филм

Магично визуелно доживување кое на момент ве тера да не дишете помислувајќи дека волкот ќе ве слушне и ќе избега. Овој филм освен што е прекрасна еколошка приказна тој учи и на тишина и трпение нешто што се повеќе ни недостасува во секојдневието

Најдобар еколошки филм на ЕХО Фестивалот за ооланински филм, оваа година му припадна на филмот „Помеѓу волците“, на Тeнги Думорти и Оливие Лари од Франција.

Образложението на жирито од Македонско еколошко друштво е следна:

,,Дали знаеме нешто за волкот? Неговите сетила, неговата екологија, неговите констелации во пактот? Со вакви прашања двајца истражувачи поминуваат неколку сезони набљудувајќи ги волците во зафрлените делови помеѓу Финска и Русија и тихуваат со цел да научат нешто повеќе за ова прекрасно животно. Магично визуелно доживување кое на момент ве тера да не дишете помислувајќи дека волкот ќе ве слушне и ќе избега. Овој филм освен што е прекрасна еколошка приказна тој учи и на тишина и трпение нешто што се повеќе ни недостасува во секојдневието.”

Членови на жирито се Фросина Пандурска-Драмиќанин, Арта Старова, Данка Узунова и Александар Павлов.

Најдобар филм за снежни спортови на Ехо 2024 е прогласен „Патување на животот“, на Жером Танон од Франција. Жирито за оваа категорија, во состав Сања Спасовска, Борјан Јовановски и Дарко Марков при прогласувањето, а претставувано од Сања вели;

„Сензационално остварување на една животна идеја на легендите на фрирајд скијањето Хавиер и Виктор Де Ла Ру, но она што ја прави посебна целата приказна е вклучувањето на Мила Де Ла Ру во оваа авантура, ќерка на Хави, која иако е порасната на скијачките терени во Швајцарија, тука доживувацелосна трансформација во своето скијање и вистинско фрирајд доживување, што ќе и ја разбуди веројатно наследната самодоверба на својот татко, повеќекратен фрирајд шампион и основач на најпознатото фрирајднатпреварување. Секоја сцена е исполнета со адреналин, возбуда и неизвесност, патувањето, престојот и целата логистика со едрилица до Антартик ја прави оваа авантура of a lifetime.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни