„Помеѓу надеж и страв“ на Венециското биенале

Проектот „Inter spem et metum/Помеѓу надеж и страв/Between hope and fear“,  на авторката Славица Јанешлиева и Националната галерија на Република Северна Македонија, е избран за официјален претставник на Република Северна Македонија на 60. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2024 година.

Славица Јанешлиева

Во образложението на стручната комисија при Министерството за култура, во состав: Станко Павлески (ликовен уметник), Зоран Петровски (историчар на уметноста) и Луан Зенку (ликовен уметник), стои дека: „Проектот е дводелна просторна инсталација во која Јанешлиева гради (авто)поетична лирска метафора поттикната од ехо на чувства од издвоен лик од басната Грдото Пајче на Х. К. Андерсен, сопоставувајќи засебна релациска целина од слики – огледални рефлексии, надградени со истовремено „лајф“ снимени и проектирани слики – аголни визури на сопствениот лик – фигури пред огледалaта надополнето и со позната детска мелодија од американските ’40 – ’50 г. на минатиот век, во духот на басната употребена во претходната односна целина, воспоставувајќи илустративност на бивањето на поединецот странец или не, во најширока смисла на зборот“.

извор: https://nezavisen.mk/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни