Полуфиналето во машка конкуренција денеска на програмата на Вимблдон

Финалето е закажано за в недела, а утре попладне на централниот тересн ќе се одигра финалето во женска конкуренција

Денеска се играат полуфиналните дуели на најпрестижниот тениски турнир Вимблдон.

Полуфиналната програма ќе ја отворат вториот носител Карлос Алкараз од Шпанија и Тејлор Фиц (5) од САД.

По завршување на мечот (но не пред 16.30) на централниот терен ќе се сретнат првиот носител Јаник Синер од Италија и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

И додека сите очекуваат спектакуларни мечеви, светскта тениска јавност е фокусирана на тоа дали Ѓоковиќ ќе успее да го освои својот 25ти гренд слем и со тоа да го зацврсти епитетот најдобар тенисер на сите времиња.

Финалето е закажано за в недела, а утре ќе се одигра финалето во женска конкуренција каде за престижниот трофеј ќе играат Аманда Анисимова од САД и Ига Свјатек од Полска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни