Денеска се играат полуфиналните дуели на најпрестижниот тениски турнир Вимблдон.
Полуфиналната програма ќе ја отворат вториот носител Карлос Алкараз од Шпанија и Тејлор Фиц (5) од САД.
По завршување на мечот (но не пред 16.30) на централниот терен ќе се сретнат првиот носител Јаник Синер од Италија и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
И додека сите очекуваат спектакуларни мечеви, светскта тениска јавност е фокусирана на тоа дали Ѓоковиќ ќе успее да го освои својот 25ти гренд слем и со тоа да го зацврсти епитетот најдобар тенисер на сите времиња.
Финалето е закажано за в недела, а утре ќе се одигра финалето во женска конкуренција каде за престижниот трофеј ќе играат Аманда Анисимова од САД и Ига Свјатек од Полска.