Полскиот шеф на дипломатија му предложи на Илон Маск да одлета на Марс

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски му порача на Илон Маск да отпатува на Марс, откако Маск ја критикуваше ЕУ по казната од 120 милиони евра.

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски му порача на американскиот милијардер Илон Маск (кој повика на ликвидација на Европската унија) да одлета на Марс, бидејќи таму нема цензура на нацистички поздрави.

Маск, по казната од 120 милиони евра што неговата мрежа Икс треба да ја плати поради прекршување на прописите на ЕУ, најпрво повика на ликвидација на Унијата и враќање на суверенитетот на земјите членки, а потоа во друга порака праша колку време останува до пропаста на ЕУ.

„Одлетај на Марс. Таму нема цензура на нацистички поздрави“, реагираше шефот на полската дипломатија и вицепремиер Шикорски, алудирајќи на тоа што Маск на таков (нацистички) начин ја подигна раката за време на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пред тоа, Шикорски денеска, по руските пофални реакции на првата порака на Маск за ликвидација на ЕУ и враќање на суверенитетот на земјите членки, порача дека сега е јасно и на оние кои можеби сè уште се сомневаат кому му служи целата таа приказна против ЕУ, со барање да се врати суверенитетот на националните држави.

„Ако некој сè уште се сомнева кому му служи целата анти-ЕУ приказна за суверенитетот: на оние што сакаат да заработуваат со ширење омраза и на оние што сакаат да ја освојат Европа“, коментираше Шикорски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни