Детската книга „Шепотено“ е објавена со поддршка на Европската унија и Министерството за култура, а книгата од полски ја преведе Звонко Димоски, во рамките на проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и за млади од петнаесет познати европски автори.
До крајот на годинава „Бата прес“ во соработка со ЕУ инфоцентарот и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира гостување и промоции на неколку европски автори чиишто книги во издание на „Бата прес“, во рамките на овој проект се објавени на македонски јазик.
-Станува збор за роман во кој младите тинејџери, средношколци, организирани преку социјалните мрежи наоѓаат различни работи и заработуваат пари за да одат и да го гледаат финалето на фудбалски натпревар во Лигата на шампиони. Но, некои работни активности поттикнуваат морални и етички прашања што ќе ги стави овие момци пред една дилема: дали вреди сето тоа да се работи за да се присуствува на ова финале?!, информира „Бата прес“.
Павел Беренсевиќ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи. Дипломирал англиски јазик на Варшавскиот универзитет. Меѓу другите, ги објавил делата: „Што има кај Ќимковци?“, „Ќимковски приказни, од кои една тажна“, „Како ја засакав Кате Цветчето“, „Дали војната е за девојки“, „Тајната на човекот со лузна“, „Е, нека го тоа чоколадото!“, како и најновите „Повеќе од клуб“ и „Ред на полските расипикуќи“. Добитник е на голем број полски и меѓународни книжевни награди.