Полски министер: Војни, кризи и дезинформации го поткопуваат меѓународниот поредок

epa09835323 Former Foreign Affairs Minister Radoslaw Sikorski speaks during the main opposition party Civic Platform policy convention in Warsaw, Poland, 19 March 2022. EPA/Rafal Guz POLAND OUT

Полска се соочува со најтешката меѓународна ситуација во последните децении, предупреди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во своето годишно обраќање пред Парламентот.

– Во денешно време светот станува сè понепредвидлив: војна на нашите граници, промени во меѓународната рамнотежа на моќта, глобални економски и политички кризи ја поткопуваат стабилноста на која Европа со години се потпираше, рече Шикорски.

Тој изјави дека Полјаците се вознемирени и несигурни за иднината.

Сикорски наведе и неколку прашања кои, според него, ги мачат граѓаните: „Дали и ние сме изложени на руска агресија? Дали односите меѓу САД и Европа се на пат кон криза? Дали Европа може брзо да ги зајакне своите одбранбени капацитети?“

Според него, четири загрижувачки трендови би можеле да се влошат: поделбата на светот на сфери на влијание наместо сојузи; отстапување од глобалните норми и суверенитетот во корист на моќта; слабеење на меѓународните организации во полза на билатерални, трансакциски односи; и дезинформација, која ја замаглува границата меѓу вистината и лагата во јавниот дискурс.

– Новата ревизионистичка политика и старата политика на смирување го поткопуваат меѓународниот правен поредок врз кој се темели развојот на Полска“, рече Сикорски. „Се појавуваат прашања за издржливоста на нашите безбедносни основи – европската заедница и трансатлантската соработка, додаде тој.

На неговото обраќање присуствуваа високи полски функционери, меѓу кои и претседателот Анджеј Дуда. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни