Полска ги забранува социјалните мрежи за деца под 15 години

Полска најави нов закон кој предвидува платформите да ја проверуваат возраста на корисниците, а се најавуваат и казни за непочитување

Полска планира да воведе закон со кој на децата помлади од 15 години ќе им се забрани користење на социјални мрежи, а платформите ќе бидат одговорни за проверка на возраста на корисниците. Ова го најави министерката за образование Барбара Новацка во интервју, пренесува Reuters.

Според најавата, владејачката Граѓанска коалиција ќе го претстави нацрт-законот кој предвидува казни за платформите што ќе останат достапни за помлади корисници. Законот би можел да стапи на сила на почетокот на 2027 година.

„Ги гледаме последиците врз менталното здравје на децата и младите, како и падот на нивните интелектуални способности“, изјави Новацка, додавајќи дека сè уште се разгледува висината на казните за компаниите.

Полска не е единствена што размислува за вакви ограничувања. Слични иницијативи се разгледуваат и во Данска, Грција, Франција, Шпанија и Обединето Кралство, поради загриженоста дека социјалните мрежи имаат штетно влијание или создаваат зависност кај малолетниците. Британската влада во јануари соопшти дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, додека Австралија веќе имплементираше слични мерки.

Предлогот би можел да доведе до судир меѓу Варшава и американските технолошки гиганти како Meta и X, чии претставници претходно се спротивставија на слични ограничувања во други земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни