Полска привремено затвори два аеродрома за цивилни летови

Аеродромите во источна Полска ја прекинаа цивилната авијација за да овозможат непречено движење на воени авиони, поради зголемени безбедносни тензии во регионот.

Аеродромите во Жешов и Лублин, на истокот на Полска, привремено ги суспендираа цивилните летови со цел да се овозможи непречено функционирање на воената авијација, соопшти Полската агенција за услуги во воздушната навигација PANSA.

„Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин ги прекинаа цивилните операции“, наведуваат од PANSA.

Одлуката доаѓа во контекст на зголемени безбедносни тензии во регионот, откако Русија изврши напад врз Киев со балистички ракети и дронови. Украинските власти соопштија дека нападот предизвикал пожари на инфраструктурни објекти во главниот град.

Засега не е соопштено колку долго ќе трае суспензијата на цивилните летови, ниту дали мерката ќе биде проширена и на други аеродроми во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни