Според него, двајцата дејствувале во координација со руските разузнавачки служби и веднаш по нападот пребегале во Белорусија.
Туск информираше дека еден од осомничените претходно бил осуден во Лвов за саботажа, а другиот потекнува од источниот украински регион Донбас.
„Имаме јасна ескалација на активности на руските служби низ Европа, вклучително и во Полска,“ изјави премиерот, предупредувајќи дека ваквите акции се особено опасни во земја што згрижува повеќе од милион украински бегалци.
Полска ќе бара екстрадиција
Варшава најави дека официјално ќе побара притвор и екстрадиција од Белорусија и Русија. Туск додаде дека полските служби ќе преземат и други мерки за да се обезбеди брзо приведување на осомничените.
Полските власти и претходно предупредуваа дека Русија регрутира Украинци за операции на саботажа, користејќи ги економски или социјално ранливите лица за таргетирање на критичната инфраструктура.
Последниве години Полска бележи пораст на случаи поврзани со шпионска и саботажна активност, за кои се сомничи Москва и Минск.
Киев со поддршка за Варшава
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја потврди солидарноста со Полска и рече дека Киев е подготвен да помогне во истрагата.
Полска тврди дека Русија ги интензивира хибридните операции поради силната полска поддршка за Украина во текот на војната. Како најважен логистички коридор за испорака на западна воена помош, Полска често се соочува со нарушувања и провокации.
Во септември, полските и сојузничките сили соборија неколку руски дронови кои го нарушија полскиот воздушен простор за време на масовни руски напади врз Украина — прв ваков ангажман на НАТО од почетокот на целосната инвазија во 2022 година.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш претходно изјави дека „сите траги од експлозијата водат кон Русија“, додавајќи дека нападот бил дел од поширока стратегија за дестабилизација на регионот.
Извор: ЦИВИЛ Медиа
