Полска и Малта, единствените земји во ЕУ во кои абортусот и понатаму е нелегален

Во Полска по долгите години борба абортусот да се врати како право на жената, за прв пат е се работи на отварање на клиника за абортуси, додека владата на Полска се обидува да добие консензус за да ги укине ограничувањата во делот на абортусот.

Во Европската унија, во само две земји абортусот останува нелегален и недостапен за жените. Полска и Малта се единствените европски земји каде абортусот е забранет со закон. Жените во овие две земји можат законски да добијат пристап до правото на абортус само доколку постои сериозен дефект кај плодот, доколку е загрозен живото на жената и ако бременоста е последица на силување.

Во Полска по долгите години борба абортусот да се врати како право на жената, за прв пат е се работи на отварање на клиника за абортуси, додека владата на Полска се обидува да добие консензус за да ги укине ограничувањата во делот на абортусот.

Лидерот на конзервативната опозиција Јарослав Качињски, на почетокот на годинава најави дека би бил подготвен да го поддржи омекнувањето на Законот кој предвидува речиси целосната забрана за абортус во Полска, закон кој беше воведен за време на владеењето на неговата партија Право и правда (ПиС)и кој е еден од најконтраверзните закони за абортус во Европа. Но, тој предупреди дека либерализацијата може да се случи само со промена на Уставот.

Овој потег е голема промена на ставот на Качински, кој претходно постојано изразуваше поддршката на целосната забрана на абортусот во земјата. Покрај Качиснки, уште една водечка фигура на ПиС, поранешниот премиер Матеуш Моравјецки, исто така ја потврди својата поддршка за омекнување на овој законот.

Од почетокот на годината три нацрт-закони кои треба да стават крај на речиси целосната забрана на абортусот беа ставени на прво гласање во Сејмот, долниот дом на парламентот. Сите тие освоија мнозинство гласови, главно од владејачката коалиција, што значи дека поминаа во комисијата за понатамошна дискусија. Два од предложените закони, еден поднесен од центристичката Граѓанска коалиција (КО) на премиерот Доналд Туск и друг од Левица (Левика), ќе го овозможат абортусот на барање на жената. ПиС за време на гласањето беше против двата предлога. Третиот нацрт закон беше предложен од Третиот пат (Трзеција Дрога), централно-десничарска група која е дел од владејачката коалиција заедно со КО и Левица. Тој предлог-закон е порестриктивен од останатите два предлога и со него ќе се врати законот за абортус што постоеше во земјата пред да се воведе сегашната целосна забрана во 2021 година.

Парламентот сепак во јули годинава го отфрли предлог-законот што би ги ублажил строгите полски закони за абортус. И покрај тоа што мерката беше поддржана од мнозинството од владината коалиција, законот не беше изгласан благодарение на најконзервативниот елемент од владејачкиот табор, кој се здружи со опозицијата за да гласаат против. Најконзервативниот од четирите нацрти на амандманот предвидуваше укинување на казните за помош при абортус. Сепак, парламентот го отфрли амандманот и покрај тоа што мнозинството од владината коалиција гласаше за. Десничарската опозиција беше против, а на владината коалиција и недостигаа само четири гласа.

Законската регулатива би го декриминализирала чинот на абортус до 12-та недела од бременоста. Според сегашниот закон, секоја одлука која не е во склад со регулативата значи затвор до три години поради тоа.

Абортусот беше клучна тема за време на кампањата за парламентарните избори во 2023 година, а Доналд Туск, шеф на центристичката Граѓанска платформа, им вети на полските жени можност за легален абортус за бременост до 12 недели.

Тоа беше ризично ветување, и не само затоа што беше против актуелниот претседател, Анджеј Дуда, поврзан со ПиС. Идниот коалициски партнер на Туск, конзервативната изборна алијанса Трет пат, а особено нејзината католичко-конзервативна Полска народна партија, се оградија од ветувањето за време на кампањата. По изборите, повеќемесечните спорови во новата коалиција кулминираа со најконзервативниот од четирите нацрти на амандманот кој беше ставен на конечно гласање во парламентот.

Анкетите во Полска покажуваат дека постои силна поддршка за отстранување на сегашната речиси целосна забрана за абортус. Сепак, општеството е поделено околу тоа дали треба да има враќање на законот од пред 2021 година или наместо тоа, воведување на абортус на барање. Некои, вклучително и лидерите на Третиот пат, повикаа на референдум за да се реши ова прашање.

Агнешка Џиемианович Бак – полска министерка за семејство, труд и социјална политика

Агнешка Џиемианович Бак (Agnieszka Dziemianowicz-Bak)  која беше назначена за министерка за семејство, труд и социјална политика во новата полска влада составена од коалиција на проевропски партии предводени од премиерот Доналд Туск уште на самото доаѓање на функцијата се обврза дека ќе работи на либерализација на законот за абортус. Бак доаѓа од партијата Нова левицa, и таа во 2006 година се најде на листата на 100 највијателни личности токму заради нејзината улога во организирање на антивладините протести против тоталната забрана на абортусот во Полска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни