Полска и сојузничките сили рано утринава подигнаа борбени авиони со цел да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши напад со долг дострел врз Украина, соопштија полските вооружени сили.
Оперативната команда наведе дека за време на нападот не е забележано нарушување на полскиот воздушен простор, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се додава дека сите операции на полската и сојузничката авијација завршиле без инциденти.
Полска, како членка на НАТО и соседна земја на Украина, редовно го засилува надзорот на воздушниот простор кога се изведуваат руски ракетни или дронски напади во близина на нејзината граница. ✈️