Полска ги крена своите борбени авиони, како и оние на сојузничките земји, поради зголемената руска активност во Украина, објави Оперативната команда на полските вооружени сили.
Во официјалното соопштение беше наведено дека, покрај воздухопловните сили, средствата за копнена воздушна одбрана и радарско извидување се доведени на највисоко ниво на борбена готовност. Овие мерки, како што е нагласено, имаат за цел да ја обезбедат безбедноста на територијата во близина на „ранливите области“ лоцирани по должината на границата со Украина.
Полската армија истакнува дека оперативната команда внимателно го следи развојот на ситуацијата и дека сите расположиви сили остануваат во целосна подготвеност за итен одговор.
Инциденти во балтичкиот регион
Тензијата во регионот дополнително се засили откако на 19 септември беше објавено дека три руски борбени авиони МиГ-31 предизвикале дипломатски спор со Естонија. Талин тврди дека авионите го нарушиле естонскиот воздушен простор во близина на островот Виндло, каде што наводно се задржале околу 12 минути.
Поради ваквите настани НАТО ги крена своите авиони за придружба, а естонските власти се повикаа на Член 4 од Повелбата на Алијансата и побараа поддршка од сојузниците. Москва, сепак, ги отфрли овие обвинувања, нагласувајќи дека станува збор за редовен лет од Карелија до регионот Калининград над неутрални води.
Дрон во Полска
Според меидумтие претходно е објавена информација дека американските разузнавачки служби не пронашле докази дека инцидентот со соборувањето на дронот на територијата на Полска бил планиран. Случајот, исто така, предизвика загриженост во земјата и покрена прашања за пошироката безбедносна ситуација долж источната граница на НАТО.