Полска ќе прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека владата планира да прогласи состојба на природна катастрофа поради поплавите во југозападните провинции на земјата.
Фото: Państwowa Straż Pożarna

„Побарав од Министерскиот совет да подготви регулатива“, напиша Туск на Х во неделата вечер.

Состојбата на природна катастрофа ќе биде прогласена доколку регионалната власт го побара тоа, бидејќи се користи за ублажување на последиците од природни катастрофи или технички дефекти што се случуваат во такви ситуации, рече тој.

Досега, најмалку две лица загинаа во земјата по поплавите што ги зафатија југозападните региони во текот на викендот.

Првата жртва беше во округот Клоџко, кој Туск го опиша како најтешко погодената област. Вториот инцидент се случи попладнето во Биелско-Бијала во провинцијата Слаские.

„Ситуацијата е навистина драматична“, рече Туск во неделата наутро по состанокот во Клоџко.

Мобилизирани се итни служби, пожарникари и воен персонал, а во провинцијата Ополски се испратени хеликоптери за да ги спасат жителите заглавени на покривите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни