Половина век Мајкрософт – од мала лага до една од најголемите компании во светот

Мајкрософт беше основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4 април 1975 година во Албакерки, Ново Мексико, во време кога персоналните компјутери штотуку почнуваа да го менуваат технолошкиот пејзаж.
Фото: Matthew Ratzloff/Flickr

Сè започна кога Ален, кој тогаш работел за Honeywell, му покажал на Гејтс статија во јануари 1975 година во списанието Popular Electronics за Altair 8800, првиот комерцијално достапен микрокомпјутер произведен од Micro Instrumentation and Telemetry Systems (MITS).

Написот го опишувал Altair како компјутер со прифатлива цена за ентузијастите, но немал едноставен програмски јазик за широка употреба.

Гејтс и Ален, пријатели од детството во Сиетл, каде што заедно експериментирале со компјутери, виделе можност да развијат BASIC преведувач – програмски јазик што ќе им овозможи на корисниците да пишуваат свои програми на Altair.

Гејтс, тогаш студент во втора година на Харвард, и Ален решиле да дејствуваат брзо. Тие стапиле во контакт со Ед Робертс, основачот на MITS, лажно тврдејќи дека веќе имаат готов BASIC преведувач за Altair 8800, иако го немале ниту компјутерот, ниту готовиот код.

Робертс се согласил за демонстрација, на која дуото избезумено работело на симулатор Altair користејќи го компјутерот PDP-10 на Харвард во рок од неколку недели.

Ален отпатувал во Албакерки со готовиот код на хартиена лента, а демонстрацијата во март 1975 година била успешна – BASIC раобтел иако бил завршен непосредно пред самата демонстрација.

Тие го смислиле името Мајкрософт со комбинирање на зборовите „микрокомпјутер“ и „софтвер“, нагласувајќи ја нивната визија за создавање софтвер за новиот пазар на персонални компјутери.

Компјутерот MITS Altair 8800 бил со систем на флопи диск од осум инчи (200 mm), чиј прв програмски јазик беше Altair BASIC  бил првиот производ на новооснованата компанија Мајкрософт.

Altair 8800 се смета за еден од првите персонални компјутери, а неговото објавување во 1975 година ја започна револуцијата на домашните компјутери. Altair BASIC, развиен од Бил Гејтс и Пол Ален, беше клучна алатка за програмирање што им ја олесни интеракцијата на корисниците со компјутерот.

Партнерството помеѓу Гејтс и Ален се засноваше на нивните комплементарни вештини: Ален беше технички визионер со позадина во хардверско програмирање, додека Гејтс имаше остар деловен инстинкт и се фокусираше на структурирање на компанијата.

Отпрвин, тие работеле во мала канцеларија во Албакерки, во близина на седиштето на MITS, вработувајќи неколку програмери за подобрување на BASIC за различни верзии на Altair.

Нивниот прв договор со MITS им донел приход од лиценцирање, но ги поставил и темелите за идно проширување на други компјутери. Основањето на Мајкрософт не е само деловен потег, туку и клучен момент во демократизацијата на компјутерите, давајќи им на обичните луѓе пристап до технологијата која претходно беше ограничена на големи институции.

Во средината на 1970-тите, индустријата за персонални компјутери беше во зародиш, со ограничен софтвер и скап хардвер, а Гејтс и Ален препознаа дека софтверот ќе биде клучот за масовно прифаќање.

Нивниот фокус на BASIC им овозможи на програмерите да го искористат потенцијалот на микрокомпјутерите.

Денес, Мајкрософт е една од најголемите технолошки компании во светот, позната по оперативниот систем Windows, но и пакетот алатки Microsoft Office.

Со седиште во Редмонд, Вашингтон, компанијата има глобално влијание и пазарна капитализација која надминува билион долари, продолжувајќи да ја обликува дигиталната ера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни