Половина од населението на Швајцарија имаат негативен став во врска со тоа што нивната земја ќе биде домаќин на изборот за песна на Евровизија следната година, покажува анкетата која ја објави весникот Блик.
Репрезентативната анкета на речиси 25 илјади граѓани покажала дека 49 отсто јасно или донекаде се противат на одржување на музичкиот фестивал, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Останатите пет отсто немаат став.
Сепак, без разлика на ваквата анкета, Швајцарија ќе биде домаќин на најпопуларниот музички фестивал во Европа во 2025 година благодарение на Немо, кој побоеди на овогодинешното издание во Шведска со песната „The Code“.
Се уште не е позната точната локација каде ќе се одржи следната Евровизија, бидејќи за организацијата се пријавиле Цирих и Женева, додека Берин и Бил дале заедничка понуда.
Против одржувањето на Евровизија се 74 отсто од десничарската СВП, додека поддршка даваат луѓето со поголем степен на образование и левичарски ставови.
Според Блик, весникот што ја објави анкетата, ваквиот резултат може да биде и последица на фактот што Немо е небинарна личност.