Речиси половина милион луѓе немаат соодветен пристап до вода за пиење во Појасот Газа, по одлуката на Израел да ја прекине целата испорака на електрична енергија во палестинската енклава. Поради недоволна количина на струја, погонот за десалинизација на морската вода, која беше единствената алтернатива на водата за пиење, не е во функција, пренесува Ал Џезира.
Израелскиот министер за енергетика Ели Коен и нареди на израелската електро-корпорација веднаш да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Појасот Газа, во очигледен обид да изврши притисок врз Хамас, кој сè уште држи 59 заложници киднапирани во јужен Израел.