Се зборува за храна како што се колачи и торти, сокови, месни производи, пржена храна и друго.
„Многу од овие намирници се исто така богати со натриум и додаден шеќер, што може да придонесе за сериозни болести и здравствени состојби. Не велам дека никогаш повеќе не треба да јадете одредена храна, би рекол дека ја консумирате во многу ретки прилики“, објаснува диететичарот.
Според него, ова се три намирници што никогаш не треба да бидат дел од редовната исхрана.
Замрзната пица
„Повеќето замрзнати пици се богати со калории, натриум, шеќер и заситени масти, а сиромашни со други корисни хранливи материи“, рече Кори.

Газирани пијалоци
Газираните пијалоци се многу лесни за консумирање во големи количини, што може да придонесе за голема количина калории, како и шеќер.
„Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми“, тврди тој.
Месни производи
Кори ги наведува сланината, колбасите и деликатесните меса не само како богати со калории, туку и со заситени масти и некои нитрати, што може да придонесе за разни болести. Сепак, Кори исто така истакнува дека е многу важно да се одржува разновидна и здрава исхрана, а не само да се избегнуваат одредени видови храна.

„Постои балансирана исхрана и неурамнотежена исхрана. Ниту една храна сама по себе нема да го дебелее човекот или да му наштети на здравјето. Најважно е како одредени видови храна се вклопуваат во целокупната исхрана. Бидејќи има толку многу фактори што влегуваат во игра кога јадеме секој ден, можни се толку многу здрави обрасци на исхрана. Важно е секој да најде стил што му одговара“, заклучи нутриционистот.
Извор: Вечерњи