Полнењето мобилни телефони на јавни места може да биде ризично: Погледнете како да се заштитите

Хакерите го злоупотребуваат јавното полнење на мобилните телефони за да внесат малициозен софтвер во нив и потоа да преземаат, заклучуваат или собираат чувствителни податоци од нив.

Треба да се качите во авион, но батеријата на вашиот паметен телефон е при крај? Ако забележите еден од киосците за полнење во близина, ќе се најдете во искушение да го надополните вашиот уред кој е гладен за енергија.

Во таква ситуација можете да се најдете и во хотел, трговски центар, кафуле и други слични локации. Иако изгледа како погодно решение (понекогаш спасоносно во последен момент), треба да се биде внимателен бидејќи не сите се навистина безбедни за користење, без разлика што тврдат нивните сопственици.

Овој феномен е веќе добро познат бидејќи е присутен повеќе од десет години. Сепак, постојано се појавуваат нови начини како да ги измамите оние кои не се доволно внимателни.

За да се заштитите од такви напади, следете ги овие упатства и препораки.

Не користете јавни USB
По правило, нема проблеми со приклучоците бидејќи низ нив тече само струја. УСБ-овите може да се користат за пренос на податоци во двете насоки, па затоа треба да се избегнуваат секогаш и каде што е можно.

Не користете кабел за податоци
Што ако сè уште треба да користите кабел? Па, не користете кабел за податоци, туку оној што е само за полнење. Повторно, нема размена на податоци – нема проблем.

Извор: tportal.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни