Политико: Новите членки би можеле да се приклучат кон ЕУ без полно право на глас – предлогот е во рана фаза на подготовка

Новите земји би можеле да ѝ се приклучат на Европската унија без полни права на глас, во потег кој би можел да ги направи лидерите како унгарскиот премиер Виктор Орбан поподготвени да прифатат, на пример, членство на Украина во блокот, пишува порталот Politico.

Според текстот, предлогот за измена на правилата за членство во ЕУ е во почетна фаза и би морал да биде одобрен од сите постојни земји членки, наведуваат тројца европски дипломати и еден функционер на ЕУ запознаен со дискусиите.

Идејата е новите членки да ги стекнат полните права дури откако Унијата ќе спроведе реформа на својот систем на функционирање, која би го отежнала ставањето вето од страна на поединечни држави на заедничките политики.

Ова е најновиот обид на владите што го поддржуваат проширувањето на ЕУ – како Австрија и Шведска – да „вдахнат нов живот“ во процесот што моментално е блокиран од Будимпешта и неколку други европски престолнини, загрижени дека проширувањето би можело да донесе непосакувана конкуренција на локалните пазари или да ги загрози безбедносните интереси.

Според Politico, оваа иницијатива би им овозможила на земјите кои се на пат кон членство, како Украина, Молдавија и Црна Гора, да уживаат во многу од придобивките на членството во ЕУ, но без право на вето – инструмент што земјите членки отсекогаш го сметале за клучен механизам за блокирање на политики на Унијата што не им одговараат.

Како што наведуваат дипломатите и функционерите на кои се повикува медиумот, за овој предлог засега неформално се разговара меѓу земјите членки на ЕУ и Европската комисија. Основната замисла е дека приемот на нови членки без право на вето, барем во почетниот период на членството, би овозможил нивен полесен влез под пофлексибилни услови, без потреба од сèопфатни измени на основачките договори на Унијата – што многу влади го сметаат за неприфатливо.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни