Секој понатамошен обид за справување со огромниот јавен долг може да биде одложена до претседателските избори во 2027 година.
Иако француската економија — втора по големина во Европа — покажува одредена отпорност во услови на трговски тарифи и забавен раст, стравувањата од рецесија растат.
Финансиската состојба на земјата останува сериозен предизвик. Буџетскиот дефицит достигна 5.8% од БДП, а јавниот долг на крајот на 2024 година изнесуваше 113% од БДП. Ваквата состојба бара итна фискална консолидација.
Сепак, политичките турбуленции ги попречуваат реформите. Минатата година падна владата на премиерот Мишел Барние токму поради непопуларни мерки за штедење.
Сега, новиот премиер Франсоа Бајру се соочува со слична закана: на 8 септември 2025 година, тој свика гласaње за доверба во Националното собрание со цел да обезбеди поддршка за неговиот план за буџетски заштеди во вредност од 44 милијарди евра.
Опозицијата, која има мнозинство во парламентот, најави дека најверојатно ќе гласа против владата. Доколку тоа се случи, Франција повторно ќе западне во политичка и економска неизвесност, што би можело да ги одврати инвеститорите и да ја намали довербата на финансиските пазари.
Извор: Euronews