Полициска интервенција кај Собранието на Србија

Во центарот на Белград денеска дошло до полициска интервенција пред зградата на српското Собрание, каде што Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан Хрка, го започна својот штрајк со глад.

Полицијата, опремена за разбивање демонстрации, ги потиснала граѓаните од улицата „Кнез Михајлова“, кои се собрале да ѝ дадат поддршка на Хрка, и го уапсила авто-превозникот Миломир Јаќимовиќ, кој со автобус превезувал студенти од Ниш што претходно присуствувале на комеморацијата во Нови Сад.

Автобусот бил запленет и одвезен, а според студентите, тројца нивни колеги – Милан, Давид и Ирина – биле задржани во возилото, кое било однесено во зградата на пожарникарската бригада во близина на Богословијата. Подоцна, според информациите на N1, студентите биле ослободени по легитимирањето и се упатиле кон Електротехничкиот факултет, каде што се безбедни.

Студентот Вукашин за N1 изјави дека полицијата упаднала во автобусот и го одвела возачот, а неколку патници биле привремено задржани.

Снимки од интервенцијата се појавија на социјалните мрежи, а ги објавија кошаркарот Владимир Штимац и музичарот Милан Станковиќ (Sevdah Baby), кои во моментот биле со граѓаните на лице место.

Дијана Хрка, која вчера на комеморацијата во Нови Сад најави дека ќе започне штрајк со глад, изјави дека ќе остане пред Собранието „до понатаму“, барајќи од институциите да се процесуираат сите одговорни за уривањето на настрешницата што однесе 16 животи.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни