Полицијата го пушти осомничениот маж приведен по пукањето на Универзитетот Браун

Полицијата во Род Ајленд го пушти мажот приведен по смртоносното пукање на Универзитетот Браун, додека осомничениот напаѓач сè уште е во бегство.

Полицијата го пушти на слобода мажот кој беше приведен во врска со смртоносното пукање на кампусот на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, што значи дека осомничениот напаѓач сè уште е во бегство. Во нападот што се случи во саботата беа убиени две лица, а девет беа повредени, при што се верува дека речиси сите жртви се студенти, пишува Sky News.

Тројца високи претставници на органите за спроведување на законот, запознаени со истрагата, претходно за NBC News, американски партнер на Sky News, изјавија дека приведениот бил 24-годишниот Бенџамин Ериксон, кој неколку години служел во американската војска.

Властите ја смируваат јавноста

Градоначалникот на Провиденс, Брет Смајли, ѝ се обрати на јавноста на прес-конференција, признавајќи дека оваа вест може да предизвика нова загриженост.

„Знаеме дека ова веројатно ќе предизвика нова вознемиреност во нашата заедница и сакаме да го повториме она што го кажавме и претходно… а тоа е дека од првиот повик, пред околу ден и пол, не сме примиле никакви веродостојни или конкретни закани за заедницата на Провиденс“, рече тој. „Затоа, безбедносниот статус во нашата заедница останува непроменет и веруваме дека сè уште сте безбедни.“

Смајли додаде дека засиленото полициско присуство ќе остане на сила низ целиот град и на универзитетскиот кампус. Државниот обвинител на Род Ајленд, Питер Неронха, изрази уверување во успехот на истрагата: „Сè уште не го решивме овој случај, но уверен сум дека ќе го сториме тоа во блиска иднина.“

Напад за време на испити

Пукањето се случило во училница на првиот кат од зградата за машинство Barus & Holley, каде што се одвиваат студии и истражувања по машинство и физика. Проректорот на Универзитетот Браун, Френк Дојл, потврди дека во зградата се одржувале завршни испити кога напаѓачот отворил оган.

Според полициски функционер кој разговарал со новинската агенција AP, напаѓачот испукал повеќе од 40 куршуми од калибар 9 мм. Пиштолот сè уште не е пронајден, но на местото на настанот биле најдени два наполнети шаржери со по 30 куршуми.

Потрага по осомничениот

Властите објавија видеоснимка на која се гледа осомничениот како се оддалечува пеш по улица надвор од кампусот. Лицето на снимката е облечено во темна, широка облека.

Градоначалникот Смајли информираше за состојбата на деветте повредени лица. Седуммина се во стабилна состојба, едно лице сè уште е во критична, но стабилна состојба, додека едно лице е пуштено на домашно лекување.

Универзитетот Браун е приватен универзитет кој го посетуваат околу 7.300 додипломски и повеќе од 3.000 постдипломски студенти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни