Полицијата го ослободила Кајмакоски по потера од Бетон хала до градот Рума

Полицијата го ослободи Кајмаковски по потера од Белград до Рума. Осомничените побегнале, истрагата за киднапирањето е во тек.

Српската полиција ослободи киднапиран маж по драматична потера која започнала во центарот на Белград и завршила на територијата на општина Рума, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението, две непознати лица, заканувајќи се со нож и огнено оружје, во раните утрински часови го киднапирале 43-годишниот Д. К. во Караѓорѓева улица во Белград и од него изнудувале пари.

По полициската потера, возилото во кое се наоѓал киднапираниот било запрено во општина Рума. Во автомобилот полицијата го затекнала мажот со врзани раце, додека извршителите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.

Оштетениот веднаш бил згрижен, а на местото на настанот бил извршен увид. Полициските службеници продолжиле со интензивна потрага по осомничените, се додава во соопштението.

Вишото јавно обвинителство во Белград делото го квалификувало како кривично дело киднапирање, а истрагата за целосно расветлување на случајот е во тек.

Во координираната акција учествувале припадници на повеќе единици на МВР, меѓу кои Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање криминал, Службата за борба против тероризам, Жандармеријата, САЈ, сообраќајната и граничната полиција, како и полициските бригади.

Според медиумските информации, станува збор за пејачот Даниел Кајмакоски, кој наводно бил киднапиран по настап во Белград.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни