Околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар, под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“, се наоѓа женско лице. Полицијата веднаш излегла на терен и по пристигнувањето констатирала дека жената сè уште дава знаци на живот.
Таа веднаш била извлечена од водите на реката и предадена на екипа на Итната медицинска помош, која ја транспортирала во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ се укажува соодветна медицинска помош.
Надлежните институции сè уште не откриваат повеќе детали за идентитетот на жената и причините за настанот.