Полицијата со засилени контроли ќе проверува колку издувни гасови испуштаат автомобилите

Тешките товарни возила ќе се пренасочуваат кон обиколни патишта за да се намали сообраќајот во урбаните средини, а на багерите и на булдожерите од 7 наутро до 18 часот ќе им биде забранет транспорт, но и дотур на стока

Полицијата со засилени контроли да ја проверува техничката исправност на автомобилите и колку издувни гасови испуштаат. Тешките товарни возила ќе се пренасочуваат кон обиколни патишта за да се намали сообраќајот во урбаните средини, а на багерите и на булдожерите од 7 наутро до 18 часот ќе им биде забранет транспорт, но и дотур на стока. Државните институции ќе треба да ја намалат употребата на службени возила до 50%. Сите кои работат на отворено работното време да им е од 11-17 часот и работодавачот да им обазбеди заштитни маски. Сите ранливи групи ќе бидат ослободени од работни обврски. Ова се само дел од мерките и препораките од акцискиот план на министерството за животна средина кој го усвои Владата.

Според еко-активистите истите мерки се носат речиси секоја година, а на Скопје му треба долгорочен план за справување со загадениот воздух, но и итни мерки, бидејќи секоја година расте бројот на заболени и починати од загадениот воздух во главниот град.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни