Полицијата нашла торба полна дрога на која пишувало „торба која дефинитивно не е полна со дрога“

Две лица се уапсени откако при претрес на автомобил во Портланд биле пронајдени фентанил, метамфетамин, готовина и пиштол. Наркотиците биле пронајдени во торба на која пишувало дека сигурно не содржи дрога.

Полицајците во Портланд, во американската сојузна држава Орегон, го запреле автомобилот и при увидот набрзо забележале торба на која пишувало „торба која дефинитивно не е полна со дрога“. Всушност, било сосема спротивно – торбата беше полна со дрога. Поточно, пронајдени се 79 таблети син фентанил, три лажни таблети оксикодон и 230 грама метамфетамин.

Полицајците запреле маж и жена кои возеле украден автомобил, се вели во соопштението на полициското биро во Портланд.

„Возачот и сопатникот се уапсени. Возилото содржело голем број пакувања со дрога, вклучувајќи метамфетамин и сини фентанил апчиња, неколку ваги, пари и наполнето огнено оружје“, изјави портпаролот на полицијата во Портланд, наредникот Кевин Ален.

Повеќето од пронајдените кеси со дрога биле во кафена платнена торба со натпис „торба која дефинитивно не е полна со дрога“.

Фотографијата на која се гледа торбата и запленетата содржина го привлече вниманието на медиумите и бројните корисници на социјалните мрежи.

Осомничените, 35-годишниот Реџиналд Рејнолдс и двегодишната Миа Багенстос, се соочуваат со обвиненија за поседување дрога и поседување украдено возило.

Рејнолдс беше обвинет за транспорт на метамфетамин, недозволено поседување метамфетамин, неовластено користење на возило и поседување на украдено возило и поседување на контролирана супстанција. За речиси истите кривични дела се товари и Багенстос.

Во 2020 година, Орегон влезе во историјата кога изјави дека поседувањето мали количини на тешки дроги (многу помали од износите што полицајците ги пронашле кај двајца уапсени) не е кривично дело.

Овој потег е дел од напорите парите од градскиот буџет да се пренасочат од борба со дрогата на третман за злоупотреба на супстанции. Мерката помина со високо ниво на јавна поддршка, која ослабе кога стапката на предозирање и бројот на бездомници се зголемија во државата за време на пандемијата на корона вирусот. Тогаш стана широко достапен и фентанил, а трошоците за домување се зголемија.

Оваа американска држава во септември преку правни процеси под контрола на владејачките демократи повторно го прогласи поседувањето дрога за кривично дело.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни