Полицијата го прекина Солун Прајд: Приведени 13 лица – 12 од нив се малолетни

Веселата атмосфера на настаните поврзани со Солун Прајд беше нарушена синоќа (20.06), кога грчката полиција изврши рација и приведе 13 лица, од кои 12 се малолетни.

Приведувањата се случиле во близина на Плоштадот кај Белата Кула, токму каде што се одржувала фестивалска забава. Според полициски извори, причината била „недостаток на идентификациски документи“ и наводно „вознемирувачко однесување“, иако не е прецизирано за какво однесување станува збор.

Овој сериозен инцидент покрена загриженост за можна селективна репресија врз малолетници, како и за тоа колку е строго полициското постапување за време на културен настан што промовира видливост, еднаквост и безбедност на ЛГБТИ+ заедницата.

Потсетуваме дека главната парада на Солун Прајд е закажана за денес. Маршот започнува во 18:30 од Белата Кула, со движење по улиците Етникис Аминис, Цимиски, Венизелу и Никис, а се враќа на почетната точка околу 21:00 часот. По завршувањето на маршот, ќе следи голем концерт на истата локација.

Во меѓувреме, полициското присуство денес останува силно, а загриженоста за непречено учество на граѓаните расте.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни