Полица со многу нови и актуелни наслови на саем

Она што е особено интересно за читателите се нивните саемски новитети и актуелните изданија – книги објавени во последниот месец пред саем

На овогодишното издание на Саемот на книгата, издавачката куќа „Полица“ ќе се претстави со својата богата и разновидна понуда на книги.

Она што е особено интересно за читателите се нивните саемски новитети и актуелните изданија – книги објавени во последниот месец пред саем. Станува збор за листа од 11 книги, кои од издавачката куќа сесрдно ги препорачуваат на своите читатели:

.„Преголем залак: приказна за војната на Путин против Украина“ од Овен Метјуз

Ова е задлабочено истражување за почетокот на руско-украинската војна – од ходниците на Кремљ до рововите во Мариупол. Руско-украинската војна претставува најсериозна геополитичка криза по Втората светска војна – а сепак, во сржта на конфликтот се крие мистерија. Новинарот Овен Метјуз, со повеќе од 25 години искуство како дописник од Москва, како и со лични семејни врски со Русија и Украина, нè води низ отровните историски корени на конфликтот, во ковид-изолацијата каде што Путин, обземен од параноја за западни закани, ги осмислувал плановите за инвазија – и на крај, во блискиот круг околу украинскиот претседател и неочекуван воен херој, Володимир Зеленски.

Маги: како да беше некогаш“ – Душан Весиќ

Со љубов што не ја намалува разумноста и со непоткупливост што не ја ослабува емоцијата, Душан Весиќ испиша значајна и потресна книга за големите страдања, блескавата дарба и трагичниот крај на најголемата хероина на југословенскиот рокенрол. Неговата приказна за Маргита Стефановиќ, истовремено и тегобна и достоинствена, и горка и искрена. Истовремено, тоа е разорна приказна за подемот и падот на југословенската средна класа и лицето и опачината на Белград. Пишувана авторитативно и со атрибути на историска расправа, Маги: Како да беше некогаш има длабока вредност што ги поместува границите и поставува нови стандарди, и тоа не само во југословенската рок-литература, туку и многу пошироко и подалеку.

Разговори со ќерка ми за економијата“ – Јанис Варуфакис

Темелејќи се врз сеќавањата од детството на ќерка си и од низа познати приказни – од Едип и Фауст до Франкенштајн и Матрикс – Варуфакис објаснува сè што треба да знаете за да разберете зошто економијата е најважната драма на нашето време. Одговарајќи на привидно едноставните прашања на својата ќерка, Варуфакис со извонредна јасност го расчленува нашиот збунувачки свет, истовремено инспирирајќи нè да го направиме подобро место за живеење. Поседувајќи ги најголемите политички доблести – храброста и искреноста – Варуфакис со карактеристична леснотија и живост ја раскажува кратката историја на капитализмот.

Semper idem“ од Ѓорѓе Лебовиќ

Semper idem – опус магнум на Ѓорѓе Лебовиќ – е негово тестаментарно дело, роман хроника за неговото детство во Кралството Југославија во пресрет на Втората светска војна. Специфичниот стил и оригиналната постапка, како и темата и нејзината литературна транспозиција, оваа книга ја прават канонско дело на современата српска литература. Раскажувајќи од перспектива на момче што го набљудува надоаѓањето на „Големата пропаст“ – ширењето на нацизмот во неговата околина, како и во Европа – писателот ја имал на ум паралелата помеѓу лудилото од тоа време и војната што избувнала во Југославија во 90-тите години на минатиот век. Во војната изгубил четириесет членови од семејството, а и самиот како четиринаесетгодишник поминал низ пеколот на Аушвиц. „Ќе ја немаше оваа книга да не се најдев повторно во вителот на големото Зло што добро го запознав пред педесет години“, признал писателот во разговор при крајот на својот живот. Semper idem е книга за детството, која може да се чита како семеен роман, но и како мемоари par excellence, со кои Ѓорѓе Лебовиќ, постхумно, се претставил како голем мајстор на модерната реалистична проза.

. „Тајните на занаетот“ – Мирослав Мишковиќ

По бестселерот „Јас, тајкунот“, во „Тајните на занаетот“ Мирослав Мишковиќ пред нас ги изнесува суштината на неговото деловно знаење и искуството акумулирано во повеќе од половина век. Сето она што го научил – честопати на потешкиот начин – Мишковиќ им го претставува на другите како повик да не ги повторуваат неговите грешки и, пред сè, како можност да научат од неговите успеси.Низ лични, автентични приказни, Мишковиќ ни нуди принципи, анегдоти и безвременски лекции. А, сето тоа од повеќедецениското работење во екстремно променливи околности, пазари и индустрии. Вистинска ризница на знаење за секој што се стреми кон долгорочен успех и одржливост во бизнисот, без оглед на тоа од која индустрија доаѓа.

Избрани драми, том 3“ од Горан Стефановски

Со издавањето на овој трет том, „Полица“ го заокружува издавањето на драмското творештво на еден од нашите најдобри драмски писатели, Горан Стефановски. Сите што ги имаат претходните два тома, можат да ги комплетираат драмите на Стефановски во својот дом со ова издание. Во книгата се вклучени шест драми: „Црна дупка“, „Тетовирани души“, „Лонг плеј“, „Кула вавилонска“, „Сараево“ и „Огнени јазици“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни