Полицајка во Сплит застрела разбојник при обид за грабеж на банка

Денеска околу пладне во Сплит се случил вооружен грабеж во филијала на Ерсте банка. Според првичните информации, две полицајки случајно се нашле на местото на настанот, кога разбојникот, во обид да побегне, отворил оган кон нив. Тие возвратиле, а при престрелката разбојникот бил погоден.

Екипа на Брза помош пристигнала на местото и се обидела да го реанимира, но безуспешно. Полицијата соопшти дека напаѓачот влегол во банката и со закана со пиштол извршил разбојништво. При излегување ја забележал полицијата и започнал престрелка, по што бил застрелан.

Во моментов се врши увид, а надлежните органи ги истражуваат сите околности на случајот.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни