Полесно ќе поминете на фестивал ако ги следите овие 5 совети

Убавото сончево време со одлична музика и вашите другари – што повеќе би можеле да побарате? Фестивалите се врв во календарот на љубителите на музиката и ако наскоро одите на еден, без сомнение имате куп бендови и музичари што се надевате да ги уловите. Следете ги овие пет совети и имате поголеми шанси да ги видите сите.

1.Темпирајте се
Најдоброто нешто за фестивалот е фактот дека музиката започнува рано и продолжува до доцна, или во некои случаи, едноставно не запира. Затоа не е одлична идеја да се пие многу рано во текот на денот или дури и навечер. На крајот на краиштата, не сакате да се изгубите во толпата кога треба да се упатите кон тоалетот! Обидете се да не пиете алкохол толку многу, а ако пиете измеѓу секоја пијачка консумирајте вода. Погрижете се да пиете со свое темпо – нема да освоите никакви награди ако испиете повеќе од вашите другари, поголема е веројатноста да изгубите одлична ноќ.

      2 кригли пиво се повеќе од 400 калории.

      2. Пијте многу вода
      Танцувањето на сонце (или под сенка) има да ве направи жедни. Чувајте шише со вода на себе и наполнете го секогаш кога ќе поминете покрај пункт за пиење – и погрижете се да имате добро резерви назад во вашиот шатор. Ова е уште поважно ако пиете алкохол бидејќи ве дехидрира. Ако не се хидрирате, на крајот може да се чувствувате ужасно – да го пропуштите омилениот бенд.

        3.Батериите полнете ги
        Поради фотографирање, снимање видеа, проверка кој каде и кога е – вашиот телефон ќе работи прекувремено, а последното нешто што сакате е да го оставите празен кога најмногу ви треба. На пример, ако ги изгубите партнерите. Организирајте точка и време за средба во случај да се разделите или сакате да фатите различни бендови. Фестивалите обично имаат места за полнење телефони, но тие често се натпреваруваат со благајната за најдолга редица. Затоа, обидете се однапред да купите пренослив полнач за итни случаи. Тие ќе ви помогнат да го одржите вашиот телефон наполнет.

        4.Уживајте во храната
        Има вкусен избор на храна достапен на фестивалите и внесувањето храна во стомакот е особено важно ако пиете. Храната не само што помага да се впие алкохолот, туку ја надополнува и солта и минералите што вашето тело ги губи додека пие алкохол. Не заменувајте ја храната со алкохол – треба да ја одржувате вашата енергија за да можете да бидете тој што танцува до самиот крај, наместо да ве легнуваат рано.

        5.Дајте си време да се опоравите
        Ако на крајот сте претерале, обидете се да му дадете одмор на вашето тело. Пиењето на мамурлак, едноставно не функционира – без разлика што ви е кажано. Сè што правите е да го олесните одвикнувањето од алкохол и да го одложите проблемот. Почестете се со некој од понудените вкусни смути или сокови за да го надополните она што му недостасува на вашето тело.

          е-Трн да боцка во твојот инбокс

          Последни колумни