Пол Мекартни: Вештачката интелигенција ќе ги „ограби“ уметниците

Британскиот музичар Пол Макартни предупреди дека вештачката интелигенција може да ги „ограби“ уметниците доколку бидат усвоени предложените измени на законите за авторски права.
Фото: Raph_PH, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

„Предлозите би можеле да ги отстранат стимулациите за текстописците и уметниците и да доведат до губење на креативноста“, изјави тој за Би-Би-Си.

Британската влада започна консултации за користење на материјали заштитени со авторски права за обука на модели на вештачка интелигенција.


Мекартни, еден од двајцата преживеани Битлси, рече: „Имате млади мажи, млади жени, кои доаѓаат и пишуваат убава песна, а тие не ја поседуваат и немаат никаква врска со неа. А кој сака, може само да ја укради“.

„Вистината е дека парите одат некаде… Некој е платен, па зошто да не е човекот што седна и и ја напиша Yesterday?“

Неизвесноста околу тоа дали е правилно и праведно да се користи материјал заштитен со авторски права за обука на модели кои го поттикнуваат новиот бран алатки за вештачка интелигенција, предизвика дебата низ светот. Компаниите и поединците во креативната индустрија преземаат правни мерки за, како што тврдат, неовластено користење на нивните материјали.

Од друга страна, некои издавачки куќи и медиуми потпишаа договори за лиценцирање со компании за вештачка интелигенција за да им овозможат да ги користат нивните материјали за обука на модели со вештачка интелигенција.

Британската влада соопшти дека консултациите, кои ќе траат до 25 февруари, ќе ги истражат клучните елементи на дебатата, вклучително и како да се подобри довербата меѓу креативниот сектор и секторот на  вештачката интелигенција и прашањето како креаторите можат да лиценцираат и да добијат компензација за употребата на нивните материјали.

„Ние сме народот, вие сте владата. Вие треба да не заштитите. Тоа е ваша работа. Значи, ако поднесувате предлог-закон, погрижете се да ги заштитите креативните мислители, креативните уметници, или нема да да ги имате“, изјави 82-годишниот пејач.

Во ноември 2023 година, Макартни и Ринго Стар ја создадоа песната Now and Then користејќи технологија за вештачка интелигенција за да го извлечат вокалот на Џон Ленон од домашна демо-снимка од 1977 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни